Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Интер е во потрага по стабилен играч од средниот ред како последно засилување за овој преоден рок.
Во јавноста се шпекулираше дека пред трансфер во Интер е Артуро Видал, но тој во последен момент се пресели во Барселона, а се уште е актуелна веста дека Лука Модриќ би можел да го облече дресот на „Нероазурите“.
Сепак, засега како најреална опција се издвојува фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган.
„Тутоспорт“ пишува дека Германецот би го чинел тимот на Интер околу 36 милиони фунти, сума која е далеку помала од таа која би ја платиле за Лука Модриќ.