По стапките на идолот, од маскота до првотимец на Ливерпул


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Трент Александер Арнолд е 18 годишен тинејџер за кого повеќето љубители на фудбалот и воопшто немаат слушнато.

Станува збор за млад фудбалер кој и минатата сезона повремено добиваше шанса од Јирген Клоп, а оваа ја започна на фантастичен начин.

Младиот Арнолд со прекрасен гол во Германија донесе предност на „Црвените“ на гостувањето кај Хофенхајм во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лигата на Шампионите. Тимот од Англија натпреварот го доби со 1:2 и е пред пласман во групната фаза од најелитното натпреварување.

Во Англија зборот „маскота“ се користи за дечињата кои излегуваат пред секој натпревар со фудбалерите. Џејми Карагер, легендата на Ливерпул на социјалната мрежа Твитер објави една доста интересна фотографија за која зборува цела Англија.

Имено, на фотографијата е капитенот на Ливерпул, а до него е Трент Александер Арнолд како „маскота“ која излегла на терен. Од тогаш до денес се сменија многу работи, Карагер е пензиониран од 2013 година, а токму младиот Арнолд во моментов е главна тема на разговор меѓу фановите на Ливерпул.