По шпекулациите се огласи и Оскар и откри дали ќе се пресели во Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Оскар ќе го напушти тимот на Челси во јануари.

Ова го потврди и самиот фудбалер кој изјави дека неговиот трансфер во кинеската екипа Шангај СИПГ 90 е завршена работа и дека сега треба само двете страни да ги решат ситните детали.

„Работата е завршена 90%. Сега само ни останува да ги решиме ситните детали“, изјави Оскар за SporTV.

Оскар во Челси пристигна во 2012. година од Интернационал и од тогаш освои Премиер лигата, Лига на Европа и Лига Куп. Оскар оваа сезона одигра 9 натпревари во Премиер лигата и успеа да запише една асистенција.

Потсетуваме дека екипата на Шангај на Челси му понуди 60 милиони евра за Оскар и дека во новиот клуб повторно ќе се соработува со поранешниот менаџер, Андре Виљаш-Боаш.