Првиот човек на ПСЖ: Итно воведување на ВАР во Лигата на шампионите, судијата не чинеше два бода…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ синоќа на гостувањето кај Наполи ремизираше со 1:1, а првиот човек на францускиот шампион, Насер Ал-Келаифи тврди дека судијата Бјорн Киперс бил тој поради кој неговиот тим останал без два бода.

Тој побара што побрзо да се воведе ВАР во Лигата на шампионите, за да не се повторат грешките како од синоќа кога за Парижаните не беше досуден пенал.

„Дојдовме во Наполи за да пбедиме, но за жал не мина се како што очекувавме. После се мораме да победиме во следните два меча“, истакна првиот човек на ПСЖ и го осуди судијата за губењето на бодовите.

„Разочарани сме бидејќи судијата не чинеше два бода. Пред пеналот беше офсајд, а не е суден ниту фаулот на Максимовиќ над Бернарт. ВАР и тоа како е потребен во Лигата на шампионите“, истакна Ал Келаифи.

ПСЖ моментално е на третата позиција во групата Ц со пет бодови, еден помалку од Ливерпул и Наполи.