Првото големо засилување во Милан стигнува од Реал?


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан доби нови сопственици и ова лето ќе донесе големи засилувања.

Досега медиумите многу шпекулираа со можните нови имиња, откако стигнаа Кинезите, а последен во низата е Мората.

Тој минатата сезона играше за Јувентус, но Реал ја искористи шансата и ја активираше клаузулата според која за 30 милиони евра тој се врати назад.

Овој напаѓач оваа сезона не игра многу во првиот тим, а скоро секогаш влегува од клупата за резервни играчи и постигнува гол.

За него не е познато колку пари ќе понуди Милан, но се знае дека се заинтересирани уште и за Обамејанг, како и за Лаказет.

Да потсетиме, Мората оваа сезона одигра вкупно 36 натпревари и опстигна 17 голови и 4 асистенции.