Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден (18) одлучи дел од својата прва сериозна сума на пари која ја доби од договорот со клубот да ја вложи во куќа за неговите родители вредна два милиони фунти.
Иако е на почеток на кариерата ова талентирано 18 годишно момче има добар договор со Граѓаните, па одлучи добиените пари да ги вложи во недвижнини.
Тој одлучи на родителите Фил и Клер да им купи куќа од два милиони фунти, а бидејќи сеуште живее со нив, тој привремено е станар на овој имот.
Младиот фудбалер за врска поседува навистина големи човечки особини, па иако има само 18 години родителите успеале од него да направт навистина посебна личност.
Фоден е редок пример на фудбалери кои не конзумираат алкохол. Сеуште нема возачка дозвола, а не сака да користи ни картички, па претежно плаќа во готово.
Исто така хоби му е ловење на риби па секоја слободна прилика ја користи да помине некое време на река заедно со неговиот татко.
Фоден навистина интелегентно размислува за неговите 18 години и е вистински пример за неговите врсници, посебно оние разгалените кои парите ги расипуваат.