Прво место на Божиќ, па титула во мај, но – само ако не сте Ливерпул!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Доколку во петок победат на гостувањето кај Вулверхемптон, фудбалерите на Ливерпул ќе завршат на првото место пред божиќните празници.

Божиќ е еден од најубавите празници, па потоа следуваат големи возбудувања во Премиерлигата, а кој ќе го пречека божиќното утро на првото место на табелата, тогаш вообичаено во мај освојува титула. Освен ако таа екипа не е Ливерпул.

Во последните десет години само двапати се случи екипа, која 25 декември не го пречека на првото место на табелата, на крајот да не биде шампион на Премиерлигата. И двапати тоа беше Ливерпул.

Во сезоната 2008/09 Ливерпул битката за титулата ја загуби од Манчестер јунајтед, а во 2013/14 шампион беше Манчестер сити.

На Ливерпул му се случила истата работа и во сезоната 1996/97 кога од првото место на крајот на годината стигнаа до четврто на крајот на сезоната.