„Првпат кога го забележав, си помислив – Роналдо е како животно!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот за врска на Јувентус, Родриго Бентакур во разговори со италијанските медиуми откри како и кога се запознал со Кристијано Роналдо.

Овој 21-годишен репрезентативец на Уругвај призна дека бил изненаден кога португалската ѕвезда била изненадена.

„Роналдо првпат го сретнав на Светското првенство во Русија. Го видов во анти-допинг центарот по мечот меѓу Португалија и Уругвај. Ме препозна и дури го знаеше моето име. Не можев да верувам. Кога првпат го видов на тренинг на Јувентус, си помислив – Тој е животно! Секогаш дава максимум на тренинзите“, кажа Бентакур.

Уругваецот во 2017 година од Бока јуниорс се пресели во Торино, додека Роналдо му се приклучи на актуелниот италијански шампион летоска.