Предолги „3 часа и 48 минути“ игра: Неверојатни 16:14 во тај брејк за Плишкова


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тениската репрезентација на Чешка води со 1:0 во финале на Фед купот со Франција, со победата на Каролина Плишкова во неверојатниот натпревар против Кристина Младеновиќ.

    Плишкова успеа да стигне до победата против Младеновиќ со 6:3, 4:6 и 16:14, по 3 часови и 48 минути игра во Стразбур.

    Вториот натпревар се игра помеѓу Гарсија и Квитова.

    Младеновиќ и Плишкова одиграа интересен натпревар, за кој никој не можеше да претпостави дека би можел да трае скоро 4 часови. Двете тенисерки имаа свои шанси, но подобра беше тенисерката од Чешка.

    Нијансите беа на страна на Плишкова, која имаше голема успешност на свој сервис, со што надокнади малиот број на винери во однос на Младеновиќ. Чешката тенисерка на крајот имаше 15 освоени поени повеќе од својата ривалка.