Преживеаниот играч на Чапекоенсе се врати дома!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Еден од тројцата преживеани играчи на Чапекоенсе, Алан Рушел (27), во петокот ја напушти болницата и се врати дома.

Во несреќата на авион во Колумбија загинаа 71 лица, а меѓу шесте преживеани се и тројца играчи на бразилскиот прволигаш.

Од 22 играчи преживееја само Рушел, голманот Џексон Фолман и одбранбениот играч Нето.

Рушел имаше операција на грбот, а во петокот стана од количката со цел да се поздрави со пријателите и влезе во автомобил кој го одведе дома.

Фолман (24) и Нето (31) сеуште се во болница. Фолман се здоби со тешка повреда во несреќа и ампутирана му е деснат анога.

Нето се опоравува од траумата и неколку операции.

Се здоби со повреда на черепот, го загубил помнењето и не се сеќава на несреќата.

После што се разбуди од кома, состојбата му е стабилизирана, а тогаш докторите му кажаа за трагичната несреќа.