Прекрасен гол, но само бод за домаќините – Паје го спаси Марсеј!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Марсеј одиграа 1:1 во средбата од 31-то коло во Лига 1 против Дижон.

Тимот на Гарсија беше подобар ривал во овој натпревар, а на крајот домашниот тим освои само еден бод.

Гостите први стигнаа до водство. Се играше првата минута од судиското продолжение кога Сериќ ја погоди сопствената мрежа за предност на Дижон од 1:0.

Само што започна второто полувреме, Марсеј израмни. Фантастичен гол од слободен удар постигна Паје за израмнување на разултатот на 1:1.

Имаа домашните упте многу шанси до крајот за да стигна и до победата, но на крајот остана 1:1.