Премиерлигашки интерес за Курзава

Како што пренесуваат медиумите во Франција постои интерес од три екипи од Премиер лигата за левиот бек на ПСЖ, Лајвин Курзава.

Курзава веројатно ќе го напушти ПСЖ ова лето, а за неговите услуги интерес пројавиле Челси, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

„Сините“ од Лондон се обидоа да го донесат Курзава и во јануарскиот преоден рок, но тогаш трансферот не успеа, а се сметаат за фаворити и за летниот преоден рок. Ситуацијата ја следи и Манчестер Јунајтед кој е во потрага по стабилен лев бек откако е јасно дека Лук Шо нема иднина меѓу „ѓаволите“, барем додека Жозе Мурињо е на клупата на овој тим.

Наводно и Маурисио Покетино се распрашувал за Курзава, но Тотенхем има најмали шанси за да ги обезбеди неговите услуги.