Премиерлигашки клубови го посакуваат Нагатомо


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Екипите на Барнли, Њукасл и Вест Бромвич Албион го посакуваат играчот на Интер, Јуто Нагатомо.

Јапонскиот интернационалец во Интер е од 2011 година, а во моментов одбива да го потпише новиот договор кој му е понуден од неговиот клуб.

И од порано имаше премиерлигашки интерес за брзоногиот бек, но до реализација на трансфер на Нагатомо не дојде.

Овој пат таа опција е многу поверојатна, и се очекува уште во јануари Јапонецот да ја смени средината.