Премиерлигаш руши рекорд за ѕвездата на Франфкурт!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Наполи се во трка за ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, а сега се вклучи во трката и Кристал Палас.

Првиот стрелец во Бундеслигата е амбициозна желба на лондонскиот гигант, кој ќе плати 40 милиони евра за Јовиќ.

Доколку, 21-годишниот голгетер се пресели во Кристал Палас, тогаш тоа ќе биде најскапо платениот фудбалер во историјата на клубот, зашто ќе го урне рекордот на Кристијан Бентеке од 32 милиони евра.

Јовиќ сезонава ја воодушеви Европа со своите настапи за Франкфурт бидејќи на вкупно 23 натпревари постигна 17 голови.