„Премиер лигата е потешка отколку што мислев“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул Јурген Клоп изјави дека сфатил дека Премиер лигата е многу потешка од тоа што замислувал тој пред да дојде во Ливерпул, минатиот ноември.

Клоп предходно ги тренирал Мајнц и Борусија Дортмунд, а признава дека цело време се смеел додека ги следел резултатите од англиските натпреварувања.

“Не ни знаев какви се Куп натпреварите. Во Германија ако се случи истото како во Англија кога Јунајтед загуби од Милтон Кингс, сите би ви се смееле. Не знаев дека пред тоа има 20 натпревари, а дека уште многу следат.
Не разбирав дека играат со својот осми тим, само ќе речев види ги како изгубија”, истакна Клоп.

Германскиот стручњак нагласи дека Премиер лигата дефинитивно е една од најтешките во целиот свет.

“Голема разлика има во однос на Шпалнија, да Барселона би одиграла пола од натпреварите со својот втор тим дека постојат натпревари кадешто Меси ќе претча 4 километри а ке постигне пет голови. Тоа е натпревар за обновување. Во Англија немате натпревари за обновување, немате право на грешка на еден натпревар”, нагласи Клоп.