Пресврт во Италија: Јувентус ќе збесна, Рајола подготвува голема измама?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба е во центар на внимание откако се врати во Манчестер јунајтед пред две години за 105 милиони евра.

Сепак, Погба не е задоволен на „Олд Трафорд“, па често се споменува негов трансфер во Барселона, Реал Мадрид, па дури и враќање во Јувентус.

Меѓутоа, „Тутоспорт“ пишува дека Французинот би можел да се врати во Италија, но не во Торино, туку во Милано.

Важен човек во целиот трансфер би можел да биде поранешниот директор на „Старата дама“, Бепе Марота, кој наскоро би требало да биде претставен како директор на Интер, а има многу добар однос со Погба и неговиот менаџер Мино Рајола.

Интер нема проблеми со финансискиот фер-плеј бидејќи во Лигата на шампиони ќе заработи многу пари, но останува прашањето дали тоа ќе биде доволно да го купат Французинот.

Погба има проблеми со Жозе Мурињо, па останува да видиме кој од нив двајца ќе си замине прв од „Олд Трафорд“.