Пресврт на ситуацијата: Целосна поддршка за Де Бур од управата!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Раководството на Интер му даде целосна поддршка на тренерот Де Бур и порај тоа што екипата победи само 4 пати во првите 10 натпревари во Серија А.

    „Многу сме задоволни со Де Бур. Тој прифати да дојде во клубот во последен момент и ситуацијата не е лесна. Ние 100% го поддржуваме.“

    Тој го превзема Интер на помалку од 2 недели пред почеток на сезоната, бидејќи Манчини неочекувано го напушти клубот поради недостиг на комуникација со новите сопственици.

    По 10 кола Интер се наоѓа на 10-то место на табелата со 10 бодови зад Јувентус.

    Интер има 4 порази во Серија А и 2 порази во 3 натпревари од Лига Европа.

    Функционерот на Интер, Аусилио изјави дека управата не контактирала ниту еден друг тренер и на тој начин ги демантираше шпекулациите дека Де Бур ќе добие отказ.

    „Многу тренери се нудат, но клупата на Интер припаѓа на Де Бур. Го поддржуваме и веруваме дека неговиот фудбалски проект ќе биде успешен.“

    Сунинг Јан Јанг најави дека Тохир, кој пред 3 години го купи Интер од семејството Морати, ќе остане претседател.

    Сунинг во јуни превзема 70% од Интер, а Тохир задржа 30%.