Претседателот на Атлетико повторно за Агуеро: Тој е како да е глуп“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо повторно денеска се спротивстави на враќање во клубот на фудбалерот на Манчестер Сити.

Агуеро ја почна кариерата во аргентински Индепендиете, каде што во 2005 година премина во Атлетико Мадрид, за кој клуб одигра 235 натпревари и постигна 101 гол. Тој во 2011 година потпиша за Манчестер Сити, а на претседателот на Атлетико не му се допадна начинот на кој Аргентинецот го напушти Висенте Калдерон.

„Реал Мадрид тогаш не го бараше Агуеро. Но, да, Кун го напушти Атлетико, излезе на „последната врата“, и не се поздрави, барем не со мене“, рече Серезо, пренесоа шпанските медиуми.

Серезо во февруари го критикуваше Агуеро, кога го нарече „глуп“.

„Тој беше единствен фудбалер кој така го напушти Атлетико, како да е глуп. Дојде како херој, но излезе на „задната врата“, рече Серезо за Радио Кадена

Агуеро добро игра во оваа сезона, постигна 15 голови во 24 првенствени натпревари за Сити.