Претседателот на Валенсија “удри“ по Алкасер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот 23-годишен напаѓач Пако Алкасер пред самиот крај на преодниот рок премина од Валенсија во Барселона.

Тој потег, нормално, не им се допаѓаше на навивачите на Лилјаците, но ни на  првиот човек од клубот од Местаља Чан Лај Хун.

Претседателот на Валенсија порача дека потегот на Алкасер е предавнички и дека играчот сам побарал да замине од клубот во кој ги помина последните девет години.

„Сам инсистираше да ја прифатиме понудата од Барелона. Тој овде беше икона, многу ни значеше што се одлучи да не предаде. Разочаран сум, но не сум лут. Без оглед на се, тој е дете на нашиот клуб, но сакаше да замине и нека му е со среќа“, рече Сингапурецот.

Алкасер за Барселона потпиша петгодишен договор а Валенсија не неговото продавање заработи 32 милиони евра.