Претседателот на Наполи ги провоцира Роналдо и Јувентус: Тој е на крајот на кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не пропушти прилика да ги „боцне“ Јувентус и Кристијано Роналдо.

Контроверзниот претседател во интервју за италијанските медиуми го коментираше доаѓањето на Кристијано Роналдо во Торино.

„Потрошија толку пари за еден играч кој е на крајот на кариерата, а тоа е опасно. Да не заборавиме дека Роналдо е во години и дека е платена сума која е опасна за клубот. Штом почнете да давате толкави плати, кога тогаш тоа ќе ви се одбие од глава“ –коментираше Де Лауретнис.