Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес во јануари би можел да го напушти Висенте Калдерон.
Според Мундо Депортиво, за неговите услуги сериозно заинтересиран е турскиот шампион Бешикташ.
Турскиот гигант на јорганџиите за искусниот напаѓач му понуди 4 милиони евра и чекаат одговор од Мадрид.
Ова е понуда која Атлетико може да ја прифати. Торес на крајот на сезоната ќе биде слободен фудбалер и понудата на турците е одлична.
Торес е дете на Атлетико. Ги помина сите младински селекции на клубот, а дресот на првиот го носеше од 2001-ва до 2007-ма година.
Потоа играше за Ливерпул, Челси и Милан, а во 2015-та година се врати во Атлетико Мадрид.