Пристигнуваат лоши вести од Каталонија: Прегледите на Меси закажани за утре, се понеизвесен за големото дерби против Реал?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона во саботата на свој терен ремизираа против Валенсија во дербито на шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб имаше заостанување од 2:0 против Валенсија, но повторно во првплан дојде Лео Меси кој ја спаси Барселона од пораз. Меси ги постигната обата погодоци за реми на својот тим.

Меѓутоа, по мечот резултатот не беше во прв план бидејќи сите ги чекаа вестите за повредата на Меси. Аргентинецот по вториот погодок се пожали на болки во десниот бут, и побара помош од лекарскиот тим. Но, успеа да го заврши мечот што ги израдува навивачите на Барселона.

Дополнителните прегледи беа закажани за денес, но според се судејќи нема да ги има. Барселона веќе во среда го очекува големото дерби против Реал Мадрид во Купот на Кралевите, а се помали се шансите дека Меси ќе заигра.

Иако по мечот објавено е дека не е повреден се чини дека нема да биде подготвен за Реал Мадрид. Новинарот, Чави Мигел објави денес дека дополнителните прегледи се откажани за утре, и дека треба да биде прегледан десниот бут на Меси. Како што се наведува, тој и натаму има болки, па сакаат да почекаат до утре кога ќе се знае дали ќе настапи против Реал.