Причината поради која Салах не им го даде дресот на фудбалерите на Ѕвезда е чудесна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салах имаше едноставна причина поради која неговиот дрес не заврши во рацете на некој од фудбалерите на белградскиот тим.

Тој по завршувањето на натпреварот истрча накај трибините каде што го чекаше една навивачка со натприс на арапски јазик и која отпатувала дури од Египет да го гледа него на Енфилд.

Салах го забележал тоа и после натпреварот и го подарил својот дрес, а таа му поклонила кутија со чоколади.

Египќанецот постигна два гола на натпреварот против Ѕвезда.