Проблеми во Ливерпул: Нешто се случува помеѓу Салах и Мане!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вчера го победија Тотнем со 2-1 во дербито од петтото коло во Премиерлигата, а стигнаа до триумф полесно од очекуваното.

Сепак, во центар на внимание беа Садио Мане и Мохамед Салах, односно нивната лоша соработка во последните неколку дуели, која кулминираше во средбата против Тотнем.

Мане во финишот од натпреварот имаше еден контра напад, а на крајот му ја додаде топката на Кеита, наместо на Салах, кој беше во подобра ситуација. А, подоцна Салах неколку пати одби да му додаде на Мане и тоа го изнервира Јирген Клоп.