Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома новата сезона ја почна многу лошо, а поради катастрофалните резултати се создаде голем притисок на Еусебио Ди Франческо.
Минатиот викенд Рома загуби од Болоња и тоа ги налути навивачите. По мечот сите играчи освен Един Џеко се вратија во Рим, додека Босанецот замина во Милано на модна-ревија.
Италијанските медиуми објавија дека Џеко е во друштво на сопругата Амра. Но, оваа вест не помина најдобро во Рим, па навивачите на Рома го нападнаа играчот на социјалните мрежи со големи критики.
Џеко, инаку, доби дозвола од Рома да замине во Милано, а потоа да се врати во Рим. Но, на навивачите не им се допадна тоа што тој уживаше додека на нив не им беше до славење.