Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Рафаел Варан за Канал + изјави дека во случај на еден повик не може да каже „НЕ“.
Имено, одличниот дефанзивец се одлучи да „намигне“ на Манчестер Јунајтед признавајќи дека нема да може да го одбие повикот на Жозе Мурињо.
„Манчестер Јунајтед е многу голем клуб. Нормално дека ме импресионира кога таков голем клуб се доведува во врска“, рече 23-годишниот стопер кој е под договор со Реал Мадрид до 2020 година.
„Секогаш зборував дека ми е убаво во Мадрид, но не е лесно да се рече “НЕ“ на Мурињо. Секој човек има право да одлучува за себе“, порача Варан.
Варан стигна во Реал од Ленс во 2011 година и одигра 153 мечеви со шест постигнати голови.