Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Јувентус синоќа во мечот од осмина финалето на ЛШ победи на гостувањето кај Порто со резултат 2:0.
Експедицијата на Бјанконерите меѓутоа наидоа на големи проблеми на враќањето од Порто.
Летот во кој играчите на торинскиот тим требаше да се вратат во Италија е одложен и тие се вратија дома дури во вечерните часови.
Ова може да биде голем проблем за тимот на Масимилиано Алегри. Јуве веќе во сабота игра меч од Серија А против Емполи, и веројатно нема да биде во можност да го одработи утринскиот тренинг во петок.
Се очекува дека ќе биде одработен само лесен тренинг во теретана, па ќе им биде многу тешко против Емполи, каде што ќе бидат многу исцрпени и уморни од патот од Португалија.
Старата дама со крупни чекори атакува кон нова титула шампион на Италија. Моментално Јувентус е далеку пред Рома.
Имаат седум бода предност над Волчицата, додека третопласираниот Наполи заостанува големи девет бодови.
Мечот Јувентус и Емполи се игра во сабота од 20 часот и 45 минути во Торино.