Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кризата на Евертон продолжува откако „карамелите“ претрпеа нов убедлив пораз, овој пат од Саутемптон кој ги понижи на „Сент Мери“ постигнувајќи четири гола во мрежата на Пикфорд.
Избраниците на Пелегрино во досегашниот дел од Премиер Лигата имаа постигнато само девет голови и исто така беа во криза, но по денешниот спектакуларен настап веројатно работите ќе тргнат на добро за „Светците“.
Сепак, во Евертон се уште не цутат рози и по заминувањето на Роналд Куман. Вршителот на должноста, Ансворт нема решение за тимот, па од одборот во што поскоро време мора да најдат адекватно решение за менаџерската позиција во клубот.
Душан Тадиќ го отвори резултатот во 18. минута по асистенција на Бертранд. Во финишот на првиот дел Сигурдсон со мајсторски удар го матираше Форстер за израмнување на резултатот. Тој удар беше се што направи Евертон на денешниот натпревар.
Во продолжение Саутемптон за само шест минути во продолжение стигна до триумф. Бертранд по втор пат добро асистираше, овој пат Остин беше на вистинското место и ја затресе мрежата на Пикфорд. Истиот играч зголеми и на 3:1, а конечниот резултат го постави капитенот на тимот, Стивен Дејвис.