Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Организаторите на Дакар ја сменија и 8-та етапа поради лошите временски услови. Учесниците во вторник ќе возат од Ујунија во Боливија до Салте во Аргентина.
Во невремето кое во петокот погоди дел од Боловија се прелеа река и организаторите повторно мораа да реагираат.
„Трката за сите класи ќе биде суспендирана на 174 километри. Моторите, квадовите и автомобилите на вториот дел од програмата во вторник ќе завршат трка од 246.37 км.“
Поради невремето етапата во саботата беше откажана додека во петок и понеделник се возеше по изменета патека.
По 7 етапи во конкуренција на автомобили на прво место е Стефан Петерхансел, а втор е Себастијан Лоеб додека трет е Нани Рома.
Кај моторите, Пабло Квинатниља е прв, а Ван Беверен е зад него.
Кај квадовите лидер е Русинот, Сергеј Карјакин додека Џерард Де Рој води во конкуренција на камиони.