Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се верува на пишувањата на англиските медиуми, Жозе Мурињо подготвува промени во составот на Манчестер Јунајтед.
Златан Ибрахимовиќ кој е надвор од терените од април 2017 година полека заздравува од повредата на коленото и набрзо треба да биде на располагање на тимот. Многумина се прашуваат како Мурињо ќе го вклопи Ибрахимовиќ против Лукаку кој има зацментирано место во првиот тим.
Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо го планира Швеѓанецот за во првиот тим, но не како најистурен напаѓач. Ибрахимовиќ би играл веднаш зад Лукаку на позицијата полушпиц. Доколку ваквите најави се остварат стартното место во тимот ќе го изгуби Хенрик Микитаријан.
Сепак, многу пореална опција е Мурињо да продолжи со актуелната формациска поставеност со тоа што ќе го користи ветеранот како џокер од клупата за резервни фудбалери.
Што и како наумил португалскиот стратег со Златан Ибрахимовиќ ќе видиме наскоро затоа што најдобриот играч на Манчестер Јунајтед од минатата сезона набрзо ќе се врати на зелените терени.