Промени во трансфер периодот во Англија од следната сезона ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубовите од Премиер Лигата ќе дискутираат за нов трансфер период кој би завршил пред првиот натпревар од следната сезона.

Следниот месец ќе се одржат разговори помеѓу секој клуб и ќе биде познато дали да се смени последниот ден од трансфер прозорецот, односно дали да се скрати времетраењето на трансфер периодот. Во овој момент преодниот рок се затвора три недели по првиот натпревар во Премиер Лигата.

Според „Скај Спортс“ повеќето од топ клубовите се за измени и сакаат преодниот рок да биде затворен порано, а дали тоа ќе се случи ќе биде познато во септември. Најмалку 14 клубови од 20 треба да се согласат за да се случи промена.

Сепак познавачите на англискиот фудбал сметаат дека ова не би била добра работа затоа што клубовите од другите лиги и по завршувањето на преодниот рок во Англија ќе може да купуваат играчи од англиските тимови, додека пак членовите на Премиер Лигата нема да бидат во можност да донесат замена за евентуалните заминувања.