Пропадна трансферот на Лемар, Алексис останува на „Емирати“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планираниот трансфер на Томас Лемар вреден над 92 милиони фунти од Монако во Арсенал и дефинитивно пропадна. Тоа значи дека Алексис Санчез ќе остане на „Емирати“ и покрај високата понуда од 60 милиони фунти од страна на Манчестер Сити.

Арсенал беше заинтересиран за францускиот репрезентативец во текот на овој преоден рок, и испрати неколку понуди, а најбогатата која ја испратија денес беше прифатена од страна на Монако. Како и да е, Лемар, изразил загрижување од краткиот период за размислување за толку голем трансфер и го одбил истиот.

Исто така имаше и логистички проблеми затоа што Лемар во моментов е во стартната постава на Франција и немаше да може да ги изврши медицинските прегледи, а ниту да ги договори личните услови со клубот.