Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Лацио Симоне Инзаги блескаше после победата над најголемиот ривал, Рома, во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
„Убаво е кога ќе добиете комплименти поради играта. Навистина одигравме совршено и се чини дека Рома не можеше да се избори со нас. Моите момци навистина фантастично се подготвија за овој меч и се виде на теренот.
Меѓутоа, иако нашите навивачи се во еуфорија сега, сакам да истакнам дека сме до пола пат кон својата цел. Допрва не очекува реванш меч во кој се надевам дека блескаме како првиот.
Сакаме да се пласираме во финалето и да го освоиме Купот“, порача Симоне Инзаги.
Лацио славеше против Рома со резултат 2:0, стрелци на головите беа Сергеј Милинковиќ – Савиќ, кој го постигна водечкиот гол во 29 минута, за конечниот резултат го постави Чиро Имобиле во 78 минута.
Тоа беше прв пат за Лацио да слави во римско дери уште од мај 2013 година, а од тогаш Рома беше непоразена во седум по ред дерби натпревари.
Реваншот е програмата на петти април, а тогаш се игра и дери мечотѕ од второто полуфинале Јувентус – Наполи.