Професионален УФЦ борец е нов член на обезбедувањето на Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Големите пари кои Нејмар ги заработува во ПСЖ си носат со себе опасности, па затоа тој мора да се погрижи за својата безбедност. Токму затоа, Нејмар најми професионален УФЦ борец за да биде дел од неговото лично обезбедување.

 

Станува збор за Нордин Талеб, француски борец кој има скор од 5 – 2 во УФЦ натпреварувањата.  Тој во моментов нема закажано следна борба но се надева дека ќе има враќање во октагонот до крајот на оваа година.

https://www.instagram.com/p/BX09AoEASxf/

Нордин Талеб веќе беше забележан вршејќи ја својата нова должност во моментите кога Нејмар беше во обиколка на една од француските плажи.

 

Талеб е експерт во мај-тај боречката дисциплина и ќе претставува сериозна пречка за секој кој ќе сака да се доближи на бразилската ѕвезда.