ПСЖ во 93 минута испушти победа против Сент Етјен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едно од најголемите дерби на францускиот фудбал меѓу ПСЖ и Сент Етјен веќе со години не нуди возбудувања, бидејќи на теренот традиционално постои само еден тим, а тоа во поголем дел е ПСЖ, но вечерва не беше така.

Веќе при самиот поглед на составот на ПСЖ, можевме да заклучиме дека Унаи Емери не ја постави добро формацијата, бидејќи во екипата имаше само двајца фудбалери кои играа на крајопт на минатата сезона.

Но, и таков ПСЖ водеше до самиот крај на дуелот со голот на Лукас Моура од пенал, но ладен туш за домашните навивачи се случи во 93 минута.

Словенечкиот фудбалер Роберт Бериќ во последните секунди од мечот ги замрзна Парижаните и им нанесе така тежок удар. Така ПСЖ после тешкиот пораз од Монако, доживеа уште една незгодна ситуација и на својот стадион.