Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Марка“ пишува дека ПСЖ не планира да се откаже од Нејмар, а нема ниту намера да го ангажира Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
Медиумите пишуваа дека сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи минатиот викенд бил во Сочи и го следел натпреварот помеѓу Шпанија и Португалија за да има преговори со Роналдо, но тоа беше демантирано од негова страна.
ПСЖ сака да го задржи Нејмар барем уште една сезона, зашто веруваат дека само со него може да ја освојат Лигата на шампиони, поради што минатото лето го купија од Барселона за неверојатни 222 милиони евра.
Па, доколку постоеја дилеми за тоа дали Роналдо ќе остане во Реал, дефинитивно се решени по демантот на претседателот на ПСЖ.
Иако се споменуваше враќање во Манчестер јунајтед, тоа е тешко за реализација, токму поради големата сума на пари, која би ја побарал „кралскиот клуб“.