ПСЖ отпиша двајца фудбалери

Францускиот великан планира оваа зима да продаде минимум двајца од своите фудбалери. Како што пренесува „Л’Екип“ раководството на тимот од Париз дало зелено светло за заминување на Хатем Бен Арфа и Лукас Мура.

Бен Арфа веројатно ќе добие слободни документи и без обесштетување ќе може да го напушти клубот, додека Мура ќе биде продаден или ќе замине на позајмица.

За Бен Арфа постои интерес од неколку клубови од Англија и Франција, додека за бразилскиот фудбалер има интерес од Манчестер Јунајтед и две екипи од Шпанија. Наводно „ѓаволите“ посакуваат да го донесат Мура на шестмесечна позајмица.