Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул плати многу пари за да го ангажира Фабињо од Монако, но очигледно тој не се прилагоди на „Енфилд“ и би можел да замине во јануари.
Откако вчера се појавија шпекулации дека Парижаните се заинтересирани за неговите услуги, денеска се појавија нови, кои се дека ПСЖ почнал и преговори со „црвените“ за нивниот фудбалер.
На прашањата на новинарите дали Фабињо ќе замине од Ливерпул, Клоп одговори со насмевка, па не е јасно дали сака да го продаде или не.
Фабињо се поврзуваше со трансфер во ПСЖ и пред да се пресели на „Енфилд“, а на Тухел во моментов му е потребен дефанзивен фудбалер за врска, па смета дека фудбалерот на Ливерпул е идеално решение.
Се споменува можност дека Ливерпул би можел да го пушти на позајмица, но засега нема други конкретни детали.