ПСЖ стравува: Нејмар ќе замине и тоа за сума онаа вложената…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако Нејмар премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, многумина се прашуваат каде Бразилецот ќе ја продолжи кариерата откако ќе ја заврши мисијата во Париз.

Се шпекулираше дека има фиксна откупна клаузула, а неколку медиуми во Шпанија тврдат дека таа изнесува точно 200 милиони евра.

Не е случајност што баш од Пиринеите пристигна ваква информација бидејќи најголемите тамошни клубови се борат за неговиот потпис.

Барселона не би имала ништо против да го врати без оглед на тоа дека малку е горчлив вкусот во усните откако го напушти „Камп Ноу“.

Од друга страна, Реал секогаш го посакува најдоброто и најскапото на пазарот, а покрај играчките квалитети кои Нејмар неспорно ги поседува, тој би претставувал и своевремен „статусен“ симбол во европскиот фудбал.

Договорот на Бразилецот истекува летото 2022. година, а сопственикот на ПСЖ, Насер Ал- Келаифи нема намера да го продаде до тогаш.

Меѓутоа, ако клаузулат навистина постои, тогаш тој тука и не се прашува премногу…