Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Дубаи откако со 2:1 по сетови го совлада Николоз Басилашвили.
Најдобриот светски тенисер доживеа непријатност по крајот на натпреварот додека даваше интервју. Србинот од одредени присутни на стадионот доби свирежи и во еден момент го прекина интервјуто, па се обрати на публиката.
„Вие баш сакате да свирите? Добро, ајде да направиме натпревар во свиркање. Да видиме која трибина ќе победи“- истакна Ѓоковиќ.