Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Делува дека Лучиано Спалети пополека ги губи „конците“ во Рома, и дека ситуацијата му бега од контрола.
Еден од најдобрите фудбалери на Волчицата Раџа Наинголан, е лут на сите во и околу клубот, и го најави своето заминување.
Уште во летото требаше да потпише договор со Челси, но поради „само“ неколку милиони евра трансфер на Стенфорд Бриџ закочи. Сега, после што Рома испадна од ЛШ, и не блеска ни во Серија А, Наинголан се обрати пред се на навивачите на клубот.
„Ова не може да се издржи. Не не третираат нас како што треба и не знам каде ќе играм во следната сезона. Наместо да не бодрат, вие повеќе го сакаат Франческо Тоти. Не велам дека не треба, но веројатно вие го сакате овој клуб, а не само еден фудбалер“, рече Белгијанецот