Пукна првата зимска бомба во Европа – Германецот отиде за 36 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Волфсбург исто толку го плати пред една година.

Пукна и првата голема трансфер бомба во европскиот фудбал оваа зима. Неколку дена пред почетокот на преодниот рок ја добивме првата голема работа на пазарот. Досега кинеските клубови беа во центарот на вниманието, а сега ПСЖ го здрма стариот континент.

Јулијан Дракслер ќе пресели од Волфсбург во ПСЖ за 36 милиони евра.

Трансферот е договорен соопштија Л’Екип и Билд. Потврда стигнува од сите страни, а вакво нешто можеше и да се очекува. Дракслер минатиот месец беше на мраз во Волфсбург бидејќи влезе во конфликт со тогашниот тренер Хекинг и поранешниот директор Алофсо. Инсистираше клубот да го продаде, потоа беше елиминиран од првиот тим.

Едноставно, Волфсбург не смееше да ризикува со најскапиот фудбалер и да заврши во финансиски минус поради Дракслер. Пред една година му платија на Шалке за него 36 милиони евра како најскапо засилување како замена за Де Брујн, но Дракслер никогаш во дресот на волците не стигна до учинок на белгиецот. На крајот клубот успеа да ги извлече сите пари кој му ги плати на Шалке за оштетата.

ПСЖ долго време важеше за фаворит за негово доведување. Го сакаа уште во летото, но дури сега успеаа да се договорат. Дракслер беше посакуван и од Ливерпул и Арсенал, но останаа со кратки ракави во трката со богатите светци. Голема улога во трансферот одигра Патрик Клајверт кој го убеди германецот да се пресели на Паркот на Принцовите.

Дракслер во Волфсбург заработуваше 4-5 милиони евра годишно, а во ПСЖ најверојатно ќе заработува 9 милиони евра по сезона во рок од четири години.