Пјаца: Носам број на грбот кој претставува голема одговорност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјаца веќе дебитираше за својот нов клуб Фиорентина, каде што пристигна на позајмица од Јувентус, а веќе во наредното коло има тешка задача – гостување кај Наполи во Сан Паоло.

„Наполи е исклучително добра екипа и сигурно е еден од фаворитите за титулата. Но, немаме од што да се плашиме. Сезоната ја започнавме добро и се надевам дека така и ќе продолжиме“, започна Пјаца и додаде:

„Иако сме гости, верувам дека можеме да победиме. Исто така би сакал да го постигнам и првенецот и да помогнам на својот тим за што подобар пласман во Серија А“.

Марко Пјаца во новиот клуг носи „десетка“ што посебно го мотивира.

„Носам број кој овде припаѓал на многу легенди во клубот. Десетката на грбот ми претстаува додатна одговорност“, рече тој.