Рабио се договори со Барселона, но ПСЖ смисли итар план!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Адриен Рабио и понатаму одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, па речиси сигурно фудбалерот ќе замине во лето бесплатно.

Рабио е многу важен дел од екипата на Парижаните, но очигледно не сака повеќе да игра во Париз. Тој неколку пати одби да потпише нов договор, па јасно сака да замине, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

„Мундо Депортиво“ објави вчера дека Барселона и Рабио се договориле, но ПСЖ не сака толку лесно да остане без Французинот, па смисли итар план.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ ќе го стави Рабио на трансфер-листата во јануари и за него ќе бара само десет милиони евра, па сега е прашање дали таа сума ќе ја плати Барселона или некој друг клуб.