Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Работнички одигра одличен натпревар во Анталија против учесникот во Лигата на шампионите, Црвена Звезда.
„Романтичарите“ беа поразени од 2:1 на пријателската средба во Анталија, но остави одличен впечаток затоа што на моменти беше и подобар тим.
Избраниците на Жикица Тасевски први се заканија преку Петар Петковски кој во 9. минута пропушти одлична шанса да го совлада голманот на Црвена Звезда. Работнички во 36. минута не успеа да реализира пенал затоа што Поповиќ одлично го прочита неговиот удар, а потоа младиот голман успеа да го одбрани и ударот на Оливер Пеев.
Сепак, нашиот тим стигна до водство во 41. минута со голот на Дејан Блажевски кој беше одличен на овој натпревар.
По само две минути Црвена Звезда го изедначи резултатот со сомнителен гол, а со тој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел „Романтичарите“ повторно први се заканија преку Блажевски, но уште еднаш Попвиќ беше на висина на задачата. Веднаш по оваа шанса следеше погодок за Звезда кој го постигна Ебисилио.