Работнички се врати на поразите, Вардар минимално во Битола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Пелситер влезе во голема криза и го забележа третиот пораз по ред во македонскиот шампионат.

Битолчани беа поразени на едно од најголемите македонски дерби пресметки од екипата на Вардар со 0:1. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Дејан Блажевски во 30. минута од натпреварот.

Пелистерци до крајот се обидуваа да го совладаат Гачевски, имаа неколку шанси но за жал на домашната публика не успеаја да стигнат барем до реми.

Тимот на Виктор Треневски се врати на поразите по победата над Победа во претходното коло. „Романтичарите“ на домашен терен загубија од Академија Пандев со 2:1. Кире Маркоски беше трагичар на Работнички откако во 6. минута не реализира удар од белата точка.

Сепак само една минута подоцна Гофри го отвори резултатот во корист на Работнички, но во 27. минута Јани Атанасов со гол од пенал го изедначи резултатот. Мишов го постави конечниот резултат во 76. минута од натпреварот со одлично пласиран удар од 15 метри.

Резултати:

Скопје- Шкендија 1:2

Пелистер- Вардар 0:1

Работнички- Академија Пандев 1:2

Силекс- Победа 1:0