Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Работнички оствари убедлива победа над Локомотива (9-2) на денешниот пријателски натпревар што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Избраниците на Виктор Треневски, кој им даде шанса на сите фудбалери во текот на овој тест, по првиот дел имаа предност од 4-1, а на крајот славеа со убедливи 9-2.
На 5 август, Работнички ќе ја има и „генералката“ пред стартот на новата сезона во Првата лига, и ќе одигра меѓународен пријателски натпревар со Хата, клубот од Дубаи, чиј тренер е македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски.