Радио Каталонија: На Барселона понуден поранешен напаѓач на Реал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Барселона наголемо се припремаат за живот без Луис Суарез. Иако пред уругвајскиот напаѓач има барем уште две сезони од врвен фудбал, токму тоа сакаат да го искористат на Ноу Камп и да донесат играч кој би имал време да се вклопи и спремно да го дочека повлекувањето на Суарез.

Од Барселона постојано следат играчи и се обидуваат да откријат кој најмногу би се вклопил во каталонскиот тим.

Се споменуваат Хери Кејн, Мауро Икарди, Тимо Вернер, Каспер Долберг… а во јавноста сега се појави името Алваро Мората кој во минатото настапуваше за Реал Мадрид.

Мората моментално е во Челзи, но на Стемфорд Бриџ не е премногу среќен, па лондонскиот клуб одлучи да го понуди на Барселона.

Така барем тврди Радио Каталонија и притоа наведува дека Мората во овој период не е фаворит за Барселона, но би можел да стане занимлив ако пропаднат останатаите опции.

Доколку Барселона не биде таа која ќе го купи Мората, шпанскиот напаѓач нема да има никакви проблеми со изнаоѓањето на нова средина бидејќи европските клубови на големо се распрашуваат за него. Еден од нив е Милан.

Инаку Мората оваа сезона во 12 натпревари од лигата постигна пет погодоци за Челзи.