„Разбуди ме во 7 и остави ми некој долар, мамо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некои спортски приказни ве воодушевуваат и ве тераат да мислите за животот.

Еден од најдобрите кошаркари, Џејмс Харден оваа сезона го препороди Хјустон, а се поставува како главен кандидат за МВП.

Харден е роден во Калифорнија и како и голем дел од НБА играчите пораснал само со неговата мајка.

Татко му бил во американската морнарица, но подоцна се посветил на дрогата. Бил малку во затвор, малку на слобода.

Џејмс не сакаше да слушне за него додека татко му од време на време ги посетуваше неговите натпревари.

Кога стана милионер, мајка му Мони за подарок доби куќа на 10 минути одење од неговата додека татко му не доби ништо.

Харден од мали нозе е заљубен во кошарката. Ја носеше топката секаде со себе. Една вечер и остави на својата мајка порака.

„Разбуди ме во 7 и остави ми некој долар, мамо.“

Таа порака ја напиша и `и кажал:

„Чувај го овој лист затоа што еден ден ќе бидам кошаркарска ѕвезда.“

Подоцна, без сомнеж го исполни тоа што го вети.