Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Месут Озил се најде на мета на бројни критичари после што пружи уште една бледа партија.
Поранешниот играч за врска на Реал целосно потфрли во мечевите со Евертон и Манчестер Сити, а делува дека е поприлично незаинтересиран.
Навистина, ова не е прв пат за германскиот репрезентативец да остави таков впечаток, но се чини дека ова беше капката која ја прелеа чашата.
Навивачите сакаат повеќе од било кога титула шампион, но со онака анемична екипа далеку се од тоа.
Англиските медиуми тврдат дека е блиску до реализација доаѓањето на одличниот Хулијан Дракслер за околу 35 милиони евра, меѓутоа денеска се појави информација дека младиот Германец има други планови.
Изгледа дека на Емерати е најблиски играчот на Јунајтед Џеси Лингард, со кого Топџите во тајност започнале преговори.
23-годишниот крилен напаѓач е незадоволен со минутажата на Олд Трафорд, а наводно Венгер му гарантира и плата од 120 000 неделно што е дури дупло отколку што моментално прима.
Токму многумина го гледаат како замена за познатиот Озил, кој е тотално вон форма и незадоволен што преговорите се растегнаа со Арсенал.
Како што сега стојат работите, Германецот никогаш не бил поблиску до заминување, но се чини дека Лингард ќе се наметне како нов лидер.
Нормално, ако овој трансфер го дозволи Жозе Мурињо.